28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА и УЕФА остро се закануваат на клубовите од Суперлигата: Ќе ви...

ФИФА и УЕФА остро се закануваат на клубовите од Суперлигата: Ќе ви забраниме да играте во сите наши натпреварувања

Дванаесет богати европски клубови синоќа постигнаа договор за формирање на Суперлига.

Новото натпреварување ќе го играат Реал Мадрид, Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и уште осум клубови кои сè уште не се познати (вкупно 20). Натпреварите ќе се играат преку неделата, натпреварувањето ќе биде конкуренција на Лигата на шампионите, додека националните првенства ќе се играат за време на викендите.

Но, ФИФА и УЕФА силно се спротивставуваат на ова натпреварување. Тие вчера испратија остри предупредувања. „ФИФА и шесте конфедерации (АФЦ, ЦАФ, Конкакаф, Конмебол, ОФЦ и УЕФА) уште еднаш повторија дека таквиот натпревар нема да биде признаен ниту од ФИФА ниту од соодветната конфедерација.

Секој клуб или играч вклучен во вакви натпреварувања нема да има право да учествува на кое било натпреварување организирано од ФИФА или соодветната конфедерација“, порачаа од ФИФА, додавајќи дека тековните натпреварувања се единствените признати клупски натпреварувања.

УЕФА вчера предупреди дека играчите вклучени во Суперлигата ќе им биде забрането секое друго натпреварување на домашно, европско или светско ниво и може да бидат спречени да играат за нивните репрезентации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП