19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАКој има највреден пасош во светот и каде е Македонија?

Кој има највреден пасош во светот и каде е Македонија?

Организацијата која се занимава со проценка на пасошите, „Henley Passport Index“, на својата веб-страница ја објави најновата листа на моментално највредните пасоши во светот, чии граѓани имаат најголема корист кога патуваат на глобално ниво.

Највреден пасош во светот е на Јапонија, чии граѓани можат да влезат во 193 земји без виза. На второ место е Сингапур со пристап до 192 земји, додека третото место го делат јужнокорејскиот и германскиот (191).

Четвртата позиција, со пристап до 190 земји без виза, ја делат италијанскиот, финскиот, шпанскиот и пасошот на Луксембург.

Македонскиот пасош се наоѓа на 43-тата позиција и можеме да влеземе во 126 земји без виза.

Од земјите во регионот, словенскиот пасош е на 11-то место, хрватскиот на 16-та позиција, потоа следи српскиот на 36-то место и Црна Гора е на 44-тото место.

Пасошот на САД е на седмото место, а Американците можат да влезат во 187 земји низ целиот свет. Кинезите ја зазедоа 68-та позиција, додека руските граѓани можат да влезат во 118 земји без виза, а нивниот пасош е на 48-та позиција.

Налошо рангиран е пасошот на Афганистан, на 110-то место, со кој нивните граѓани можат влезат во 26 земји без виза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП