25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ се уште ја бркаат титулата – Гринвуд ги доближи до Сити

„Ѓаволите“ се уште ја бркаат титулата – Гринвуд ги доближи до Сити

Манчестер Јунајтед со новата победа во Премиерлигата докажа дека борбата за титулата се уште не е завршена иако предноста на градскиот ривал се уште е голема.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер попладнево на „Олд Трафорд“ со 3-1 славеа против екипата на Барнли која се бори за опстанок во најквалитетната лига на Островот.

Иако статистиката беше во полза на домаќините, во првите 45 минути мрежите мируваа.

Во вториот дел Гринвуд во 48 минута донесе домашна предност од 1-0.

Само два минути подоцна гостите повторно резултатот го израмнија, 1-1. Стрелец Тарковски.

Овој резултат беше актуелен се до 84 минута кога повторно Гринвуд погоди за 2-1.

Точка на натпреварот стави ветеранот Кавани со погодокот во 94 минута.

Манчестер Јунајтед по 32 натпревари собра 66 бода, или заостанува 8 поени за лидерот Сити на 6 кола до крајот на првенството.

Од друга страна, Барнли е прв тим над опасната зона од 3 екипи кои се селат во понизок ранг. Имаат 33 бода и меч повеќе за играње од Фулам кој собра 27.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП