25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСидорф: Казни за тие што покриваат уста додека разговараат со противникот

Сидорф: Казни за тие што покриваат уста додека разговараат со противникот

„Играчите треба да се казнуваат поради покривање на устата со рака додека разговараат со противникот или судијата“, смета поранешниот холандски фудбалер, Кларенс Сидорф (45).

Коментарите на екс-фудбалерот од средниот ред се поради неодамнешниот инцидент на мечот од Лига Европа меѓу шкотски Ренџерс и Славија од Прага. Денеска стигнаа и казните за двајцата фудбалери.

Дефанзивецот на Славија – Ондреј Кудела ја покри устата додека разговараше со противничкиот фудбалер Глен Камара кој подоцна обвини за расизам што Чехот го отфрли. Кудела ќе паузира 10 натпревари, а Камара е суспендиран на три меча поради инцидентот.

„Зборуваме за спорт, тој мора да е транспарентен, па зошто тогаш би ја покривале устата за да му кажеме нешто на противникот. Ако зборувам со мојот тренер или соиграчот и ја покријам устата – во ред е, но кога му се обраќате на судијата или на противникот, во било кој спорт, не смеете да ја покривате устата. Ако тоа го сторит, мора да постои санкција“ вели Сидорф.

Холанѓанецот вели дека во текот на кариерата видел како играчи со рака ја покриваат устата додека се во кавга.

„Имаше расистички ситуации во последните неколку недели и месеци. Тие работи многу лесно би се надминале со примена на некои правила“ смета тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП