22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Hyundai“ го покажа својот сериски пикап (ФОТО)

„Hyundai“ го покажа својот сериски пикап (ФОТО)

„Hyundai“ објави фотографии од својот сериски пикап „Santa Cruz“, чие појавување се очекуваше уште во 2018-та година. Автомобилот значително се разликува од истоимениот концептен модел од 2015-та година, бидејќи неговиот преден дел целосно го повторува новиот „Hyundai Tucson“.

Изгледот на пикапот е целосно во корпоративниот стил на „Hyundai“, кој го доби името „Parametric Dynamics“. Неговата карактеристика се трите странични линии што се поврзуваат во една точка. „Tucson“ исто така ја користи решетката на ладилникот со мрежа од трапезоидни елементи во комбинација со дневни светла. Носечката конструкција и шасијата се исто така од „Tucson“.

Сепак, некои од карактеристиките на концептниот модел се префрлени на серискиот „Santa Cruz“. На пример, зачувана е формата на страничните прозорци и силуетата на задниот дел. Пикапот ќе биде достапен со 4 врати во кабина со 2 реда седишта.

Главен пазар за „Hyundai Santa Cruz“ ќе биде Северна Америка, каде автомобилот ќе биде достапен со бензински мотори со зафатнина од 2,0 и 2,5 литри. Погонот ќе биде преден со спојка за заклучување на задната оска. Исто така е можно да се појави модификација со 3,0-литарскиот турбодизел од „Genesis GV80“.

Пикапот ќе се произведува во американската фабрика на „Hyundai“ во државата Алабама, а главни конкуренти му се „Toyota Tacoma“ и „Ford Ranger“, како и моделот кој се уште не е појавен на пазарот – „Ford Maverick“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП