29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНеприфатливо е Роналдо да ја фрла капитенската лента, Србите веќе ја „продаваат“!

Неприфатливо е Роналдо да ја фрла капитенската лента, Србите веќе ја „продаваат“!

Во Португалија, сите медиуми се согласуваат дека на нивната фудбалска репрезентација им е направена неправда со поништувањето на голот на Кристијано Роналдо во 93. минута од 2:2 ремито на гости кај Србија, но дел од критичарите се свртеа контра Роналдо откако тој ја фрли капитенската лента по крајот на натпреварот.

Поранешниот португалски репрезентативец Фернандо Меира вели дека е неприфатливо да се фрла капитенската лента.

„Да, јасно е дека тоа беше гол, но Роналдо не смее да ја фрла капитенската лента така лесно. Неговата реакција и фрустрација е оправдана, но не е прифатливо капитен на националниот тим да се однесува така. Капитенската лента не смее да е на подот и да одиш во соблекувалната додека тече мечот. Не му прилега на таков фудбалер“, вели Меира.

Српските фанови пак, ја заддржаа смислата за хумор, и на веб-сајтовите за купопродажба се појави лажен оглас со капитенската лента на Кристијано Роналдо (оставена на „Рајко Митиќ“) за ситни 1.000.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП