28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДика: Пандев е важен играч за Македонија, но најопасен е Елмас

Дика: Пандев е важен играч за Македонија, но најопасен е Елмас

Македонските фудбалери утре, во Романија, ќе го започнат квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Катар. Во Ј-групата, покрај овие две селекции, се фаворитот Германија, Лихтенштајн, Исланд и Ерменија.

Македонија, по дуелот со Романија, ќе го пречека аутсајдерот Лихтенштајн на 28.март, а три дена подоцна ќе гостува во Германија. Романците, во овој циклус, покрај со Македонија, ќе играат со Германија во Букурешт и Ерменија во Ереван.

Против Македонија, Романија ќе биде без селекторот Мирел Радои кој е позитивен на коронавирусот. Репрезентацијата, во негово отсуство ќе ја предводи помошникот Николае Дика.

Помошникот селектор смета дека Романија е фаворит против Македонија и дека апетитите по првите три средби би биле задоволени со седум освоени бода.

„Македонија ќе игра на Европското првенство, но сметам дека во овој дуел ние сме фаворити. Сакаме да играме на Светското првенство“, рекол Дика и открил на кој играч ќе му посветат најголемо внимание. „Пандев е важен играч за Македонија, но најопасен е Елмас. Знае да направи разлика во последната третина, него ќе мораме да го запреме“.

Натпреварот на Националната арена во Букурешт, утре ќе започне во 20.45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП