25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИ најцврстите имаат емоции – Златан заплака по прашањето за синот

И најцврстите имаат емоции – Златан заплака по прашањето за синот

Ветеранот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, вели дека му ветил на шведскиот селектор Јане Андерсон дека ќе биде одлучувачки за репрезентацијата и додава дека тоа ќе мора да го докаже на теренот, а прес-конференцијата ја заврши речиси во солзи кога беше запрашан што мислат неговите синови за враќањето во шведската репрезентација.

39-годишниот Златан се враќа во репрезентацијата овој месец иако претходно имаше несогласувања со Андерсон и вети дека е подготвен да страда за националниот тим.

„Се сретнавме сами и зборувавме за сите работи. Тоа беше позитивен состанок и на крајот избравме што е најдобро за Шведска. Двајцата знаеме што е најдобро за националниот тим и тука сум не затоа што се викам Златан Ибрахимовиќ, туку затоа што заслужувам да бидам тука. Тоа што сум го направил во минатото не е важно, туку она што ќе го направам. Ако ме прашате, јас сум најдобриот на светот, но тоа не помага. Сакам да го дадам искуството и му ветив на селекторот дека ќе бидам одлучувачки. Треба да го покажам тоа на теренот“, вели Ибрахимовиќ.

Тогаш дојде и најчудниот и најемотивен момент на прес-конференцијата, прашањето за неговиот син Винсент, кој остана со мајка му во Шведска додека Ибрахимовиќ е во Милано.

„Беше тешко кога го оставив. Плачеше, не сакаше пак да заминам. Но, сега сме океј. Можам да поминам време со него поради репрезентацијата“, изјави Ибрахимовиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП