
Да живееш во стан, проектиран од дизајнери на „Ferrari“? Ова ќе биде реалност за идните жители на комплексот „Ferra“ во Сингапур.

Зградата е проектирана од компанија „Pininfarina Group“, која го има направено дизајнот на неколку модели на „Ferrari“ и „Maserati“, како и на неколку авиони. Симпатизерите на италијанскиот бренд сигурно ќе забележат некои сличности помеѓу спортските автомобили и зградата.

Цената на становите започнува од 2 милиони долари за површина од 68 квадратни метри. Зградата ќе биде во црвена и црна боја и ќе изгледа како да се испреплетува.

Таа ќе има 22 ката. Во комплексот ќе има базен, фитнес и спа центар.

На 14-тиот кат ќе има панормски тераси

Вака ќе изгледаат гаражите




