23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер сити и Реал Мадрид рутински во четврт-финалето на ЛШ

Манчестер сити и Реал Мадрид рутински во четврт-финалето на ЛШ

Манчестер сити и Реал Мадрид без проблем го одбранија водството од првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, и се пласираа меѓу осумте најдобри екипи од Европа, приклучувајќи им се на Порто, Ливерпул, ПСЖ и Борусија Дортмунд.

Сити по 2:0 победата на гости кај Борусија Менхенгладбах, го реши мечот во првите 18 минути на „Пушкаш арената“ во Будимпешта за 2:0 победа, додека „кралевите“, кои имаа 1:0 од првиот меч против Аталанта, со 3:1 го победија италијанскиот клуб.

Тимот на Пеп Гвардиола започна фуриозно – Кевин де Брујне во 12. минута постигна прекрасен гол покажувајќи колку е клучен кај „граѓаните“, за само шест минути подоцна, по убава акција, Илкај Гундоган да зголеми на 2:0.

Во Мадрид пак, „кралевите“ поведоа преку Карим Бензема во 34. минута, за Серхио Рамос во 60-тата минута да го прослави враќањето на терените со гол од пенал. Аталанта успеа да намали на 2:1 преку Луис Муриел во 83. минута, но Марко Асенсио само две минути подоцна ги постави конечните 3:1.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Манчестер сити – Борусија Менхенгладбах 2:0, прв меч 2:0, вкупно 4:0

Реал Мадрид – Аталанта 3:1, прв меч 1:0, вкупно 4:1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП