25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар 1961 потпиша тригодишен договор со Гурбиндо

Вардар 1961 потпиша тригодишен договор со Гурбиндо

Шпанскиот репрезентативец Едуардо Гурбиндо (33) и член на француски Нант е нов член на Вардар1961. Гурбиндо на Вардар 1961 ќе му се приклучи по завршувањето на сезоната. Играчот кој со Шпанија два пати бил европски шампион, со црвено-црните потпиша три годишен договор.

„Со ангажирањето на Гурбиндо продолжуваме со засилувања со кои Вардар1961 ќе биде уште поконкурентен во следните сезони. Среќни и задоволни сме што Гурбиндо го препознава квалитетот на Вардар1961 и што сака нов предизвик во кој заедно ќе се обидеме да постигнеме уште подобри резултати. Губрино ќе донесе освежување во нападот и цврстина во одбраната. Ги цениме неговите квалитети и сигурни сме дека веднаш ќе се вклопи во нашиот систем. Засилувањата што досега ги договори Вардар1961 ќе им донесат многу радост на навивачите и верувам дека многу брзо сите заедно ќе можеме да ги поздравиме новите играчи“, изјави Михајло Михајловски, претседателот на клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП