16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМинимален триумф на Манчестер јунајтед против Вест Хем

Минимален триумф на Манчестер јунајтед против Вест Хем

Манчестер јунајтед со 1:0 го победи Вест Хем и се врати на второто место на табелата.

„Црвените ѓаволи“ доминираа во првиот дел од натпреварот, упатија осум удари кон голот на Вест Хем, имаа посед од речси 70 отсто и неколку добри шанси. Најдобрите шанси не ги реализираа Маркус Рашфорд во 25. и 39.минута, односно Мејсон Гринвуд во 37.минута. Вест Хем во првиот дел не шутнаа кон голот на Дин Хендерсон.

Единствениот гол на мечот го постигна Крег Доусон во 53.минута. Играчот на Вест Хем, лошо удри една нафрлена топка која заврши зад грбот на Томаш Фабијански.

До крајот на мечот, Гринвуд го погоди дирекот во 77.минута, а ударот на Томаш Соучек во 8.минута го блокираа дефанзивците на Манчестер јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП