18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо останува „крал“ до 2018-та

Роналдо останува „крал“ до 2018-та

ron

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо потпишал нов договор со кралскиот клуб до летото 2018-та година, тврди денешното издание на весникот „Марка“.

Утринава „CR7“ изјави во врска со преговорите за нов договор:

„Работите уште не се решени. Не е соодветен момент да зборувам за тоа. Понатаму ќе се знае нешто поконкретно“.

Покрај зборовите на Португалецот и електронското издание на „Марка“ објави материјал во кој со голема доза на сигурност тврдат дека Кристијано веќе ја продолжил соработката со „кралевите“.  Според нив Роналдо ќе стане најдобро платениот фудбалер во Примера, поради тоа што неговата годишна нето плата ќе изнесува 17 милиони евра.

Тоа е за милион повеќе од ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, кој по договор зема 13 милиони плус три милиони бонуси. Сега Кристијано поседува 60 проценти од рекламните права, а 40 проценти одат во Реал Мадрид. Со новиот договор овој процент ќе се зголеми во негова корист, иако клубот го задржува правото да си обезбеди економско враќање на инвестицијата од приходите што доаѓаат од сите рекламни договори на Кристијано.

Желбата на Флорентино Перез е да го објави новиот договор на 17 август, еден ден пред стартот на Ла Лига.

Исто така идејата на шефот на „кралевите“ во скоро време да успее во финализирањето на трансферот на Герет Бејл.

Ако Кристијано потпише до 2018-та година, ќе има 33 години, по истекот на договорот. Токму затоа насловот на веста во шпанскиот медиум е „Кристијано бел доживотно”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП