25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев: Сејдини беше подготвен да го отпушти Ангеловски пред дуелите со Косово...

Пандев: Сејдини беше подготвен да го отпушти Ангеловски пред дуелите со Косово и Грузија

Рекодредот според бројот на настапи и постигнати голови во репрезенатцијата, капитенот на македонија, Горан Пандев, повторно упати жестоки критики кон Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Во интервју за емисијата „Стидио 10“ на ТВ 24, Пандев вели дека првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини и луѓето околу него се обидувале да ја нарушат атмосферата во репрезентацијата, пред клучните натпревари за пласман на ЕУРО 2020, со Косови и Грузија. Пандев откри дека во еден толку чувствителен момент Сејдини размислувал да го смени селекторот Игор Ангеловски.

„Сејдини се дрзна да го менува селекторот пред дуелите со Косово и Грузија, а токму Сејдини и некои луѓе околу него кои не ги ни познавам не дојдоа ниту да ни посакаат среќа. Сејдини по натпреварот со Израел од квалификациите за ЕП, каде завршивме трети на табелата, дојде и сакаше да го смени селекторот Ангеловски. По натпреварот со Израел, дојде во хотелот и ми вели, Горан сакам да разговараме, сакам да го смениме селекторот Ангеловски, му одговорив вие сте претседател, вие одлучувате, но според мене, не е моментот вие да го правите тоа, сега пред натпреварите со Косово и Грузија. На крајот, сепак немаше сили да го направи тоа, затоа што цела македонска јавноста стои и зад селекторот Ангеловски и зад нас како репрезентација. Некои луѓе работеа против репрезентацијата, ама не успеаја. Глумеа дека се среќни, а во лицето им се гледаше дека не се. Жално е се што се случува по пласманот на ЕП, некои играчи играат толку време, а тие без срам си поделија премии, кога видов не верував дека си поделиле премии “, вели Пандев во „Студио 10“ на ТВ 24.

Македонија, го победи Косово, во Скопје со 2:1, а потоа со голот на Пандев, во Тбилиси против Грузија, избори пласман на ЕУРО 2020.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП