28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Nintendo“ наскоро ќе започне со производство на моделот „Switch“ со поголем екран

„Nintendo“ наскоро ќе започне со производство на моделот „Switch“ со поголем екран

За новиот модел на конзолата „Nintendo Switch“ се зборува веќе подолго време, иако сè уште нема официјални соопштенија.

Сега има гласини кои се појавија на порталот „Bloomberg“ и обезбедуваат нешто поконкретни планови за јапонската компанија за освежената „Switch“ конзола. Презентацијата на новиот модел треба да се одржи оваа година и ќе донесе поголем екран, со дијагонала од 7 инчи, резолуција од 720p и заснован на „OLED“ технологијата.

За потребите на новиот екран, „Nintendo“ влезе во соработка со „Samsung“, кој ќе работи на масовно производство на екранот почнувајќи од јуни годинава. Планот е да се произведат еден милион екрани во текот на 6-тиот месец во годината, што ќе заврши на лентите за составување на конзолата во јули.

Врз основа на ова, „Nintendo“ планира да го донесе новиот модел на конзола „Switch“ со „OLED“ екран на крајот на годината, непосредно пред сезоната на празници, кога продажбата на хардвер едноставно цвета. Во овој случај, не е наведено дали новиот модел ќе има посилен хардвер, како што споменавме порано, а со тоа и поддршка за 4K дисплеј на соодветните екрани.

„Nintendo Switch“ беше најпродаваната конзола во неколку наврати во минатата година, а големи се шансите да биде така и во 2021-ва година, особено што „Xbox“ и „Playstation“ сè уште се борат со недостиг.

Кој би помислил дека оваа мала конзола може да влезе во судир со гиганти како серијата „PS5“ и „Xbox“?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП