19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕпска „ремонтада“ на Барса, преку Севилја и продолженијата во финалето на Копа...

Епска „ремонтада“ на Барса, преку Севилја и продолженијата во финалето на Копа дел реј

Барселона успеа да се пласира во финалето на Кралскиот куп на Шпанија, откако во неверојатно драматичен меч со 3:0 по продолженијата ја совлада Севилја за да се даде надеж дека во тешката сезона ќе се стигне до трофеј.

Каталонците мораа да надополнат предност од 0:2 од првиот меч, и започнаа фантастично, кога Усман Дембеле даде прекрасен гол во 12. минута. Но, по ова, тие не успеваа да го најдат патот до голот на гостите, а во 73. минута имаа совршена шанса за гол, кога беше досуден пенал. Меѓутоа, обидот на Луис Окампос заврши во рацете на Андре Тер Штеген и драмата продолжи.

Во 92. минута од мечот, гостите остана со играч помалку по вториот жолт картон на Фернандо, а две минути подоцна, Жерард Пике беше највисок во скокот за 2:0 и да примора продолженија, во кои Каталонците бргу стигнаа до 3:0 предност преку Мартин Брејтвајт во 95. минута од мечот.

Во финалето на Купот, Барса ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Атлетик Билбао и Леванте, каде што првиот меч во Баскија заврши 1:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП