25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ има „токсични“ фанови кои повеќе му штетат отколку што му помагаат?

Ѓоковиќ има „токсични“ фанови кои повеќе му штетат отколку што му помагаат?

Бен Ротенберг, еден од најпознатите тениски новинари и колумнист на „Њујорк тајмс“ по победата на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен оваа година, вели дека неговите фанови, посебно на социјалните мрежи, предизвикуваат другите тениски фанови да го „мразат“ светскиот број 1.

„Најгласните фанови на Новак Ѓоковиќ се посебно агресивни и полни со омраза, но мислам дека и самиот Новак не е свесен за тоа. Тоа што може да се види на социјалните мрежи го докажува тоа. Фановите не сфаќаат дека така го рушат имиџот на тенисерот, кој секогаш е добар и се однесува добро. Сите спортисти имаат вакви фанови, но тие на Ноле секогаш давале лош впечаток“, вели Ротенберг.

По 18-тата гренд слем титула уште еднаш стана јасно дека Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на светот во моментов, но тој често предизвикува поделби меѓу фановите – на тие кои го обожаваат и на тие кои речиси го мразат. Дел од нив, секако, се фановите на Рафаел Надал и Роџер Федерер, кои ниту во лудило не би признале дека Ѓоковиќ е подобар тенисер.

Неодамна, тренерот на Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ призна дека има група на онлајн фанови кои се решени да го напаѓаат Србинот без разлика на тоа што се случува. Ѓоковиќ, останува (релативно) смирен и продолжува со ловот на тениските терени – сега има 18 гренд слем титули, само две помалку од Федерер и Надал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП