24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА5 совети за малите бизниси: Како да ја зголемите продажбата во ерата...

5 совети за малите бизниси: Како да ја зголемите продажбата во ерата на Covid-19

Почетокот на вакцинацијата ширум светот дава надеж дека 2021 година ќе биде година за повторно воспоставување и зајакнување на бизнисот со пораст на продажбата. Малите бизниси наидоа на многу проблеми во последните десет месеци и иако се чини дека светлото на крајот од тунелот се гледа, сè уште не е завршено.

Пандемијата донесе многу предизвици, навиките на клиентите значително се променија, затоа е потребно малите бизниси, кои се особено погодени од кризата, да продолжат да растат и да се прилагодуваат. Без оглед во која фаза е малиот бизнис, никогаш не е доцна да се оживее својот бизнис, а компанијата Виза дава пет важни совети како да го извлечете максимумот од 2021 година и брзо да го вратите нивото на деловна активност.

Зачекорете во онлајн работење

За малите бизниси кои сè уште не се активирале преку интернет во своето работење, 2021 година е вистинското време за овој чекор. Студијата за враќање на бизнисот на Виза откри дека во последните неколку месеци, нешто повеќе од половина од анкетираните потрошувачи ширум светот купувале преку интернет секаде каде имале можност, а малите бизниси го следеле овој тренд, со тоа што 43 проценти од нив сега да ги продаваат своите производи преку интернет, додека 87 проценти од нив планираат да продолжат и во следните три месеци. Овие податоци се дел од глобалната серија истражувања, создадени за да им помогнат на малите и средни претпријатија да ја достигнат дигиталната трансформација и да ги едуцираат потрошувачите за важноста на купувањето од малите локални производители. Истражувањата покажуваат дека иднината на трговијата е дигитална, а оваа промена во однесувањето на потрошувачите се очекува да трае. Затоа, интернет стратегијата е важна, без оглед колку е мал вашиот бизнис.

Добар провајдер за решенија за веб-страници во голема мера ја олеснува продажбата преку интернет, помагајќи ви да креирате дигитален излог за вашиот бизнис. Запомнете прво да ги поставите основите, како што се: производи, услуги, работно време, понуди, кориснички искуства и информации за контакт. Не комплицирајте, бидејќи клиентите поминуваат повеќе време на страници што се полесни за употреба и одлучуваат дали сакаат да пребаруваат и да купуваат во првите неколку минути. Ако веќе имате креирано веб-страница, разгледајте начини како понатаму да ја развивате оваа година. Користете ги интернет пребарувачите на паметен начин, направете ги вашите клучни SEO оптимизирани спрема вашето работење, така што вашата веб-страница ќе се појавува на врвот на резултатите од пребарувањата.

Обезбедете безконтактно искуство со клиентите

Она што стана јасно последните месеци е дека потрошувачите сакаат да плаќаат на најбезбеден и хигиенски начин. Дигиталното плаќање во продавниците веќе не е само погодност, туку неопходност, затоа што клиентите сакаат искуство без допир, како плаќање без контакт. Скоро половина или 48 проценти од анкетираните потрошувачи велат дека не би купувале во продавница која нуди само начини на плаќање што бара контакт со продавачот или користење на заеднички уред.

Само еден од осум клиенти е подготвен да се врати на старите начини на плаќање, дури и откако вакцината стана достапна.

Не само што бесконтактните плаќања се побезбедни, туку се и побрзи и поедноставни, што ви овозможува да инвестирате повеќе време во вашиот бизнис. Подобрената ефикасност ја намалува редицата за наплата, додека вработените управуваат со помалку пари, што пак може да доведе до заштеда.

Редовно рекламирајте се на социјалните мрежи

Ако сè уште не сте користеле социјални медиуми и не сте го прошириле опсегот на вашиот мал бизнис, сега е навистина време да го сторите тоа, бидејќи се повеќе луѓе остануваат дома. Минатата година, 37 проценти од анкетираните сопственици на мали бизниси ги проширија своите продажни канали за да истражат нови можности што можат да ги достигнат и постојните и новите клиенти.

Поставете јасни цели и со помош на метрички параметри измерете го успехот на социјалните мрежи. Ако вашата цел е да ја зголемите видливоста на вашата компанија, 30.000 луѓе кои ги споделуваат вашите објави е голем успех. Доколку ги користите социјалните мрежи за да ја поттикнете продажбата, тогаш новите прашања во врска со вашиот производ и прашањате од типот „Каде можам да го купам?“ се индикаторите за успешност кои се навистина важни.

Искористете го своето време на најдобар начин и објавувајте додека вашите корисници се онлајн на социјалните мрежи. Обидете се да експериментирате со објавување во различно време за да откриете дали вашите клиенти имаат тенденција да пребаруваат додека патуваат кон работа или за време на паузата за ручек. Доколку не сте го направиле досега, понудете функции за социјално вмрежување од вашата веб-страница и охрабрете ги постојните корисници и посетители да ја споделуваат вашата содржина на нивните профили на социјалните мрежи.

Чувајте ја безбедноста на корисникот на врвот на вашата листа со приоритети

Иако се чини дека светлината на крајот од тунелот е видлива, сепак е клучно компаниите да бидат во чекор со новите трендови, да останат прилагодливи и да ги прифатат промените. Безбедносните мерки остануваат клучна грижа за корисниците, така што малите бизниси треба да ги преземат неопходните чекори за да можат корисниците да се чувствуваат безбедно во работењето.

Најновите истражувања покажуваат дека 94 проценти од анкетираните потрошувачи сметаат дека деловните субјекти мораат да преземат безбедносни мерки – 71 процент привлекуваат внимание на задолжителна употреба на маски за лице, 60 проценти сметаат дека корпите за шопинг треба да се дезинфицираат по секоја употреба, а 54 проценти сметаат дека физичката оддалеченост од 2 метри мора да биде обврзувачка.

За клиентите кои сè уште не се спремни за посета на продавница, размислете како можете да направите чекор напред и да им дадете чувство на сигурност и вредност. Испораката до дома е брз начин да се обезбеди продажба и да се направат вашите клиенти да се чувствуваат пријатно, без да се грижат за контакт со премногу луѓе.

Негувајте ја лојалноста на вашите клиенти

Потрошувачите сега веројатно разгледуваат и купуваат во различни продавници. Значи, важно е да продолжите да размислувате за нови начини за поврзување со вашите клиенти за да бидете сигурни дека нивната лојалност кон брендот останува силна. Ако клиентите биле со вас за време на пандемијата, тоа ја покажува нивната вистинска лојалност – но имајте на ум дека тие секогаш имаат неколку избори што треба да ги надминете за да бидете сигурни дека се чувствуваат ценети.

Клиентите сакаат да ги слушаат мислењата и оценките на другите пред и по купувањето. Доделете простор на вашата веб-страница за коментари. Од причина што лојалноста произлегува од приврзаност и припадност, барањето податоци и повратни информации за позитивните и негативните искуства на клиентите е добар начин да се продолжи разговорот и да се создаде чувство на благодарност. Со еден од тројца потрошувачи подготвени да престанат да купуваат на исто место после лошо искуство со поддршка на клиенти, никогаш не било поважно да ги задржите клиентите што ги имате. Бидете сигурни дека искуството што го стекнуваат секогаш ги исполнува нивните очекувања.

Друга идеја е да им дадете на клиентите прилагодени понуди за лојалност засновани врз претходни набавки. Едноставни додатоци, како што се картички за подароци и награди за членовите, исто така може да бидат алатки потребни за враќање на корисникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП