28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаск изгуби 15 милијарди долари за еден ден

Маск изгуби 15 милијарди долари за еден ден

Акциите на „Tesla“ на Илон Маск паднаа за 8,6 проценти во понеделникот, бришејќи 15,2 милијарди долари од неговото богатство, пренесува „Bloomberg“.

Најголемиот пад на цената на акциите на „Tesla“ од септември делумно се должеше на коментарите на Маск изминатиов викенд дека цените на биткоинот и етериумот „изгледаат високи“. Неговата порака, испратена преку неговата омилена социјална мрежа „Twitter“, дојде две недели откако „Tesla“ објави дека додаде 1,5 милијарди долари биткоини во својот биланс на состојба.

Вредноста на криптовалутата скокна за повеќе од 400% во последната година, а во вторникот падна втор ден по ред, во одреден момент под 50.000 американски долари поради скептицизамот за времетраењето на нејзиниот пораст.

Илон Маск падна на второто место според „Bloomberg Billionaires Index“, кој опфаќа 500 најбогати луѓе во светот. Претприемачот има богатство во вредност од 183,4 милијарди долари, што е под највисоката вредност од 210 милијарди долари во јануари. Основачот на „Amazon.com“, Џеф Безос, се врати на првото место откако неговото богатство во понеделникот падна за 3,7 милијарди долари на 186,3 милијарди долари.

Двајцата милијардери ги разменуваат позиции од јануари, откако вредноста на „Tesla“ флуктуираше. На почетокот на 2021-ва година, цената на акцијата скокна 25% пред да го избрише скоро целиот раст од оваа година. Маск за кратко го престигна Безос откако неговата авионска компанија „SpaceX“ собра 850 милиони долари на почетокот на овој месец, оценувајќи ја на 74 милијарди долари, што е за 60% повеќе од август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП