18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена Звезда му се извини на Ибрахимовиќ за навредите на национална основа

Црвена Звезда му се извини на Ибрахимовиќ за навредите на национална основа

Црвена звезда го осуди однесувањето на дел од гледачите кои го навредуваа фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ на национална основа при вчерашниот меч од Лига Европа.

39-годишниот шведски ветеран со хрватско и бошњачко потекло, не беше во игра во текот на мечот, по што некој му довикуваше навредливи зборови. Од Звезда велат дека ќе се потрудат тој што го направил тоа да сноси последици. Неофицијално се работи за лице кое со „врски“ влегло во ложата каде што беа новинарите.

„Црвена звезда најостро ги осудува навредливите повици кон Златан Ибрахимовиќ за време на мечот со Милан. Како организатори се обидовме организацијата на мечот да биде на ниво на два големи клубови и нема да дозволиме некој примитивен поединец да фрли дамка на гостопримството на нашата земја и нашиот народ. Во соработка со надлежните органи ќе се пронајде поединецот. Најискрено му се извинуваме на Златан Ибрахимовиќ“, велат од клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП