16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАњели доби „Златен тапир“ и порача: Средниот прст на Конте е знак...

Ањели доби „Златен тапир“ и порача: Средниот прст на Конте е знак на симпатија

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели покажа доволна смисла за хумор, откако ја прими ироничната неделна награда „Златен тапир“ за тие кои немале најдобра недела, порачувајќи дека средниот прст кој му го покажа тренерот на Интер, Антонио Конте е „знак на симпатија“.

Ањели и Конте, инаку поранешен играч и тренер на Јуве, се судрија во полуфиналето на Копа Италија во Торино минатата недела, со многу разменети навреди и пораки преку медиумите. Комичното шоу „Стриша ла нотиција“ реши на двајцата им ја додели наградата, но Конте одби да ја прими.

„Понекогаш страста на нашата работа не тера да одиме преку културното однесување. Средниот прст? Соработката со Конте заврши добро, така што тоа се знаци на симпатија“, вели Ањели.

Конте се извини за средниот прст упатен до Ањели.

„Сакам да се извинам што реагирав на погрешен начин откако ме навредија. Можев поинаку да реагирам и тоа ќе беше попозитивно. Жал ми е, ќе извлечам поука од ова. Навредите и провокациите не би требало да бидат изговор, не требаше така да реагирам. Ние како играчи, тренери, претседатели на клубови мора да сме пример. На провокации, на навреди треба да реагирам на друг начин, на пример со подигнат палец или со аплауз, за да покажам дека сум слушнал што е речено“ изјави Конте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП