20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев на „Инстаграм“ распука по челниците на ФФМ

Пандев на „Инстаграм“ распука по челниците на ФФМ

Горан Пандев распука по челниците на Фудбалската федерција на Македонија. Легендарниот фудбалер, се огласи на „Инстаграм“, по повод вчерашниот натпревар на Академија Пандев и Работнички, што се одигра во ненормални услови. Во својот пост, тој пишува, дека ќе се тргне на страна доколку не се сменат некои работи во македонскиот фудбал.

„Срамно и жално…уште еднаш докажавте дека вие не сте фудбалски луѓе, луѓе што му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви…доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, грбот на репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес…

Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал за нашата (аматерска лига), колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период…

Спремен сум ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат во Фудбалската федерација да се тргнам на страна“, напиша Пандев.

https://www.instagram.com/goranpandev19/?utm_source=ig_embed

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП