ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јануари 2021

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јануари 2021

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.01 – 31.01.2021 година вкупниот промет изнесувал 514.116.512 денари и е зголемен за 3,46 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 393.336.688 денари и е намалено во однос на декември за 1,82 отсто кога изнесувало 400.619.219 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 392.970.374 денари и обврзници во вредност од 366.314 денари.

Блок трансакциите во јануари изнесувале 120.779.825 денари и се зголемени за 25,41 отсто во однос на декември.

Бројот на трансакции во јануари изнесувал 1.514 и е зголемен за 5,36 отсто во однос на декември кога изнесувал 1.437.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за јануари се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи НЛБ Банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за јануари 2021 година можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП