25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобален „тренд“: Скок на цените на храната

Глобален „тренд“: Скок на цените на храната

Агенцијата за храна на Обединетите нации (FAO) објави дека цените на храната на светските берзи пораснаа осми пат по ред во јануари и го достигнаа највисокото ниво од јули 2014 година, а на врвот на листата се најдоа житариците, шеќерот и растителните масла.

На официјалната веб-страница на оваа организација, чие седиште е во Рим, се наведува дека индексот на FAO на цената на кошницата на основните прехранбени производи се зголемил во јануари годинава за 4,3 проценти во споредба со ревидираната вредност во декември минатата година, на просечни 113,3 поени, што е највисока вредност од јули 2014 година.

Цените на житните култури пораснаа за 7,1 проценти на годишно ниво на почетокот на годината, а пченката беше предводник со 11,2% повисоки цени, потпомогнати од зголемените кинески набавки и проценките за неочекувано слабо производство и залихи во Соединетите Американски Држави, со привремен прекин на регистриран извоз во Аргентина.

Пченицата се зголеми за 6,8 проценти во јануари како резултат на зголемената глобална побарувачка и очекувањата за намален извоз од Русија.

Во споредба со јануари 2020 година, цените на житарките се зголемени за дури 42,3 проценти, според FAO.

Цените на шеќерот се зголемија за 8,1 процент во јануари, додека индексот на цените на растителното масло се зголеми за 5,8 проценти, што е најмногу од мај 2012 година, покажуваат податоците на Агенцијата за храна на Обединетите нации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП