23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРамос по 15 години со „кралевите“ се сели кај „ѓаволите“?

Рамос по 15 години со „кралевите“ се сели кај „ѓаволите“?

Шпанските медиуми пренесуваат информација дека 34-годишниот стопер на Реал Мадрид, Серхио Рамос веќе знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Шпанецот не попушти од своите барања, бараше од челниците на Реал договор од најмалку 2 години (плус 1 години) и плата не пониска од 12 милиони евра по сезона.

Флорентино Перез не сака да даде толку пари за фудбалски ветеран, па разделбата се чини неминовна.
Се споменуваше дека Рамос ќе се пресели во ПСЖ, но медиумите на Островот тврдат дека шпанскиот ас доаѓа во Манчестер Јунајтед.

Се шпекулира дека пресвртница бил телефонски разговор на дефанзивецот со Дејвид Бекам кој го советувал 2-3 сезони да одигра на „Олд Трафорд“, а потоа да се пресели во Интер од Мајами.

Наводно, дополнително го убедил на овој чекор и соиграчот од „Фуријата“, Давид де Хеа.

Се споменува и неговата неделна плата во Јунајтед – 226.000 евра неделно.

Останува да се чека потврда на ваквите информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП