ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера на нов мал кросовер (ФОТО/ВИДЕО)

Светска премиера на нов мал кросовер (ФОТО/ВИДЕО)

„Renault“ ја збогати понудата на своите модели на индискиот пазар со нов мал кросовер со ознака „Kiger“.

Станува збор за возило долго нешто под 4 метри, со меѓуоскино растојание од 2,5 метри, кое е позиционирано помеѓу моделите „Renault Kwid“ и „Triber“, кои францускиот производител ги продава во Индија.

„Мускулестиот“ изглед на надворешноста е надополнет со едноставно дизајниран ентериер, со централно поставен, 8-инчен екран на мултимедијалниот систем и 7-инчна дигитална табла со инструменти (барем во побогатите пакети со опрема).

Поскапите верзии имаат и автоматска „климатизација“ со филтер за ПМ 2,5 честички, додека меѓу опциите се наоѓа премиум аудио систем и бесконтактно отклучување и на автомобилот и старт на моторот без клуч.

Моделот има на располагање солиден багажник, кога станува збор за возила од овој сегмент, чиј волумен е 405 литри, додека со преклопувањето на задните потпирачи за грб го зголемува употребливиот волумен на 879 литри.

„Renault Kiger“ е базиран на механичката платформа „CMFA +“, а клиентите можат да бираат помеѓу два мотори.

Атмосферскиот 1,0-литарски бензинец произведува 72 ks (53 kW) и 96 Nm и е поврзан со 5-степен мануелен или пет-степен автоматски менувач.

Покрај тоа, има помоќен, 1,0-литарски турбо-бензинец, кој се користи во европските модели „Clio“ и „Captur“. Моторот испорачува 100 ks (74 kW) и 160 Nm.

Оваа единица е поврзана и со 5-брзински мануелен менувач, а автоматскиот „CVT“ кој ќе биде достапен подоцна.

Цената сè уште не е објавена, а „Renault Kiger“ не се очекува да пристигнe на Стариот континент.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП