25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Nokia“ ќе претстави неколку телефони во текот на првиот и вториот квартал

„Nokia“ ќе претстави неколку телефони во текот на првиот и вториот квартал

Според „Nokiapoweruser“, „HMD Global“ се подготвува да објави неколку нови телефони, од „Nokia 1.4“ до моделите „Nokia 7.3“ и „7.4“. Најраниот телефон што се очекува е „Nokia 1.4“, кој е закажан да се појави во текот на февруари.

Потоа на списокот се наоѓаат моделите „Nokia 6.3“ и „6.4 5G“, чие објавување треба да следи на крајот на првиот или почетокот на вториот квартал од оваа година. Кодното име „Quicksilver“, кое се појави пред неколку дена, наводно припаѓа на моделот „Nokia 6.3“ или „6.4 5G“.

Конечно, се очекува и „Nokia 7.3“/„7.4 5G“, а се споменува и приближниот период на издавање кон крајот на февруари или во текот на март.

Не е познато од каде доаѓа оваа информација, но се чини дека тие се во согласност со плановите на „Nokia“ да издаде најмалку четири телефони со 5G врска во текот на 2021-ва година. „Nokia 5.5“ и „Nokia 8.4“ исто така се планирани и се очекуваат во текот на втората половина од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП