28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕТоп 20 најздрави градови во светот

Топ 20 најздрави градови во светот

Креаторите на страницата money.co.uk имаа за задача да спроведат студија на тема „најздравиот град на светот“.

Се разбира, земен е во предвид и факторот што ги услови животите на сите нас веќе некое време, се разбира, зборуваме за пандемијата Ковид-19.

Од друга страна, беа разгледани следниве параметри: нивото на дебелина на граѓаните, очекуваниот животен век, трошоците на живот, нивото на загадување, безбедноста, просечниот број на часови сонце.

По деталните пресметки, беше постигната врвна листа од 20 градови, а победник е неочекувано, Валенсија во Шпанија.

Медитерански начин на живот, идеална трпеза и клима, со одлична географска положба, што овозможува мало загадување, го прават овој град најздрав за престој во моментов.

Она што ги израдува сите шпанци е што нивниот главен град Мадрид зазеде високо второ место, а овој резултат не ги изненади многумина.

Имено, жителите на оваа земја се водат од мотото – работи за да живееш, а не обратно. На тој начин постигнуваат рамнотежа и имаат активен животен стил, во кој наоѓаат време за дружење и одмор.

По нив следуваат Лисабон, Виена и Канбера, а најблизок град до нас е Љубљана, која се позиционираше на високото 9-то мести и романскиот Клуж на 16-то место.

Погледнете ја листата на топ 20 најздрави градови во светот

  1. Валенсија, Шпанија
  2. Мадрид, Шпанија
  3. Лисабон, Португалија
  4. Виена, Австрија
  5. Канбера, Австралија
  6. Тел Авив, Израел
  7. Токио, Јапонија
  8. Хаг, Холандија
  9. Jубjана, Словенија
  10. Цирих, Швајцарија
  11. Аделаида, Австралија
  12. Хаифа, Израел
  13. Порто, Португалија
  14. Рејкјавик, Исланд
  15. Темишвар, Романија
  16. Клуж, Романија
  17. Хелсинки, Финска
  18. Бурса, Турција
  19. Бризбејн, Австралија
  20. Копенхаген, Данска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП