24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрв натпревар за Барди во Леванте по тримесечна пауза

Прв натпревар за Барди во Леванте по тримесечна пауза

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди синоќа го одигра првиот меч за шпанскиот прволигаш Леванте по речиси тримесечна пауза поради повреда на рбетот.

Леванте на домашен терен ги подели бодовите со Ваљадолид, одигрувајќи 2:2 во натпревар во кој Барди влезе од клупата за резервни играчи во 84 минута на местото на Хорхе Мирамон.

За македонскиот играч за врска ова беше прв официјален натпревар од осми ноември минатата година по што Барди започна со рехабилитација по дијагностицираната лумбална дискус хернија.

Леванте по 19 натпревари во Ла Лига е на средина на табелата со 23 бодови, а во следното коло ќе му гостува на актуелниот првак Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП