24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед се врати на врвот, Солскјер со пофалби до Погба

Јунајтед се врати на врвот, Солскјер со пофалби до Погба

Манчестер јунајтед се врати на првата позиција во премиерлигашкиот поредок по синоќешната победа на гостувањето кај Фулам со 2:1. Стрелецот на победничкиот гол, Пол Погба доби пофалба од својот тренер Оле Гунар Солскјер.

– Пол навистина влезе во форма. Тој е добар, способен да игра во средниот ред, создавајќи шанси, има удар. Конечно влезе во оптимална состојба и игра одлично на последните натпревари, истакна Солскјер.

Во тековната сезона, Погба одигра 24 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна четири гола и три асистенции. На последните пет средби, 27-годишниот Французин постигна два гола и направи една 1 асистенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП