20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ9 најобични работи што чинат безобразно скапо

9 најобични работи што чинат безобразно скапо

Нема ништо лошо во тоа да се биде богат и да се има пари за основни потреби, плус да ви останеат дополнително за сите ваши желби и луксузи.

Сепак, без оглед на нивото на богатство, човечката аспирација и потреба нè принудуваат постојано да трошиме пари. За некои, трошењето пари е купување кафе секој ден, додека за други, трошењето пари е купување јахта. Да, милионерите трошат пари како и сите останати, но можеме да кажеме дека сите имаа различни приоритети.

Дали мислите дека четка за заби во вредност од 4.000 евра ги мие забите подобро од онаа што чини 300 денари? Сепак се чини дека има луѓе што веруваат дека е тоа така.

Подолу ќе наведеме неколку најбизарни работи на кои луѓето едноставно потрошиле премногу пари.

Четка за заби

Веројатно не се ни сеќавате колку плативте за последната четка за заби.

Најскапата четка за заби некогаш продадена за 4.200 долари, направена е од титаниум и не работи на електрична енергија, туку е целосно класична. За споредба, најскапата четка на нашиот пазар е електрична и чини 15.000 денари.

Сепак, дизајнерите велат дека нејзиниот дизајн е посебен, заедно со издржливоста и фактот дека е обложена со специјален слој што ги убива бактериите.

Позитивната страна на оваа четка е тоа што има можност за трансформација, така што може да се отстранат скапите делови од титаниум, а четката добива изглед на „онаа за обичните смртници“.

Чорапи

Да, дами и господа, има луѓе кои платиле 1.500 долари за чорапи. Направени се од 100 проценти Сервелт. Сервелт е врвно влакно на редок вид на елени од Нов Зеланд. Годишно може да се соберат само 20 грама влакна од секој елен, што ги прави најбараните природни влакна во светот.

Кесички за чај

Чајот е еден од оние евтини пијалоци што скоро секој може да си го дозволи. Меѓутоа, ако навистина сте љубител на специјални чаеви, можеби треба да размислите за оној со вреќички покриени со дијаманти. Една вреќичка чај чини 14.000 долари и е покриена со 280 дијаманти.

Сепак, факт е дека оваа вреќичка се користи и за чај и во неа има вистински лисја од чај. Ова значи дека, на пример, дефинитивно ќе добиете чај од нане, иако само торбата вреди 14.000 долари. Ова се чини малку смешно, бидејќи штом ќе направите чај, веројатно ќе ја расипете убавината на дијамантите од надворешната страна на вреќичката.

Леќи

Оние луѓе со слаб вид, знаат дека носењето очила или контактни леќи може да биде доста скапо. Ако мислите дека тоа е лошо, замислете да носите дијамантски контактни леќи во вредност од 15 000 американски долари. Овие леќи содржат 18 дијаманти, но проблемот е во тоа што не можете да ги носите долго време затоа што би му наштетиле на окото, и тука се губи нивната функција и започнува луксузот?

Цигла

Фразата „дизајнерска цигла“ е толку смешна што звучи како да не може да биде реална. Кога дизајнерската компанија Supreme ги објави циглите со нивното лого, луѓето се редеа да ги купат – иако тие се целосно бескорисни, освен ако не планирате да изградите куќа. Во тоа време, тие чинеа само 30 долари, а откако се распродадоа, цената порасна само и достигна 150 долари. Во моментов, изградбата на просечна куќа од овие цигли би чинела над 4,5 милиони долари.

Пенкало

Пенкалата што ги имаме во нашиот џеб обично се од непознато потекло, или можеби се „позајмени и никогаш не биле вратени“. Сепак, веројатно би помислиле пред да преземете ризик да позајмите пенкало што е рачно изработено и содржи 150 карати невидливи бурмански рубини, како и 15 каратни дијаманти. Проблемот со ова пенкало е што веројатно нема да сакате да пишувате со него затоа што може да го испуштите и да ви падне, или пак да го оштетите само држејќи го во рака.

Ледени коцки

Компанијата Glace Luxury Ice Co. од Калифорнија прави и продава совршени квадратни коцки мраз по цена од која што ќе ви замрзне мозокот. Овие коцки очигледно обезбедуваат „минимално разредување и максимално ладење“, а чинат неверојатни 325 долари по коцка.

Хартиена кеса

Џил Сандер е моден дизајнер кој создаде своја сопствена дизајнерска верзија за хартиени кеси. Нивната цена е околу 290 долари. Луксузно е, но исто така и бескорисно, нели?

Да бидеме фер, торбата има зашиени рабови и е изработена од супер издржлив материјал. Поради тоа, може да трае подолго од просечната хартиена кеса. И покрај тоа, сосема е сигурно дека нема да потрае толку долго за да се нарече разумно купување.

Ѓердан за Барбика

Трошењето пари на скап накит е еден вид на луксуз, но барем можете да го носите тој накит. Сепак, еден милионер потрошил повеќе од 300.000 долари на еднокаратно розово дијамантско ѓерданче кое не можело да се носи ниту како прстен. Збунет? Па, тој ѓердан е всушност направен за кукла и беше продаден на аукција додека беше околу вратот на оригинална Барбика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП