29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните

Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните

Колку вакцинацијата ќе влијае на тоа дали ќе можеме да патуваме на одредени дестинации е еден од најголемите сомнежи на граѓаните, бидејќи веќе има најави дека без потврда за имунизација или „пасош за корона“, ќе биде тешко да се преминуваат границите.

Лидерите на Европската унија наредната недела ќе ги разгледуваат барањата за воведување на таканаречен „европски сертификат за вакцинација“. Ова следува откако Европската комисија доби писмо од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, во кое, меѓу другите барања, се предлага олеснување за патување во рамките на Европската Унија.

Во писмото упатено до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, грчкиот премиер Мицотакис бара приоритет да биде враќањето на слободата на движење низ цела Европска Унија. Тој посочува и на важноста од итно усогласување на позициите на земјите-членки за сертификатот за вакцинација, што според него, ќе помогне во повторно заживување на туризмот, но и за зголемен интерес за примање на вакцините.

Многу од граѓаните стануваат свесни дека наскоро ќе биде тешко да ја напуштат земјата без вакцинација и за тоа немаат голема дилема.

„За една година ќе знаеме која вакцина е поуспешна и која има помалку ефект. И во овој момент, кога животот на луѓето е во прашање, невидена глупост е некого да се условува со одредени вакцини за патување“, велат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП