четврток, јануари 20, 2022
ПочетнаСПОРТБИЗПочина бразилскиот фудбалер кој доби срцев напад на натпревар (вознемирувачко видео)

Почина бразилскиот фудбалер кој доби срцев напад на натпревар (вознемирувачко видео)

Алекс Аполинарио, 24-годишниот бразилски фудбалер на португалскиот клуб Алверса почина четири дена откако доби срцев напад сред натпревар во неделата и веднаш беше поставен во медицински индуцирана кома.

Фудбалерот од средниот ред на Алверса, колабираше на теренот по помалку од час игра, по што добиваше медицинска помош со дефибрилатор 25 минути пред да биде однесен во болницата „Вила Франка де Чира“. Од клубот објавија дека ќе ја дадат целосната поддршка на семејството на Аполинарио и објавија дека ги стопираат сите активности.

Аполинарио пристигна во Португалија од фудбалската академија на Крузеиро, клубот од Сао Пауло. Еден од најдобрите моменти во кариерата му беше кога постигна гол за третолигашот Алверка во куп-победа над гигантите Спортинг Лисабон во 2019 година.

https://twitter.com/NXXEEN/status/1345717421555003392?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1345717421555003392%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsport%2Fpochina-brazilskiot-fudbaler-koj-dobi-srcev-napad-na-natprevar-voznemiruvachko%2F

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП