ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус му го нанесе првиот пораз на Милан сезонава

Јувентус му го нанесе првиот пораз на Милан сезонава

Нема веќе непоразени екипи во Италијанското фудбалско првенство, откако синоќа Милан на домашен терен загуби од Јувентус со 3:1.

За „росонерите“ ова беше прв пораз по 16 натпревари оваа сезона.

Федерико Киеза беше двоен стрелец во гостинскиот тим, еднаш погоди Вистон Меккени. Голот за Милан го постигна Давиде Калабрија.

И покрај поразот, Милан е лидер на табелата со 37, пред градскиот ривал Интер кој има 36 и Рома со 33 бода.

Јувентус се наоѓа на 4. позиција со 30 бодови и натпревар помалку. 

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП