Македонскиот репрезентативец, Езѓан Алиоски, постигна фантастичен гол во неверојатното прво полувреме на неговите Лидс на гостувањето кај Вест Бромвич Албион, во кое имаат 0:4 предност.
Алиоски беше стрелец на вториот гол во 30-тата минута со неверојатен удар од далечина, а само неколку минути подоцна доби раскрварен нос по еден дуел со играчите на тимот на Сем Алардајс, по што го продолжи мечот.
За одбележување е и првиот гол на Лидс, односно автоголот на ВБА, кој е еден од најсмешните во 2020.



