ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал Мадрид ќе ја продолжи соработката со Модриќ

Реал Мадрид ќе ја продолжи соработката со Модриќ

Реал Мадрид се согласи да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Лука Модриќ, објави „Марка“.

Според шпанскиот весник, 35-годишниот Хрват ќе потпише договор со „кралскиот клуб“ со важност до крајот на јуни 2022 година.

Актуелниот договор на фудбалерот важи до крајот на сезоната 2020/21.

Модриќ игра во Реал Мадрид од 2012 година. Во сезоната 2020/21, Хрватот одигра 20 натпревари за тимот, постигна три гола и една асистенција.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП