29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуман: Меси е среќен во Барселона

Куман: Меси е среќен во Барселона

Тренерот на Барселона, Роналд Куман го сподели своето мислење за односот на напаѓачот на каталонскиот тим Лионел Меси.

– Ова го имам кажано многу пати. Лео е среќен во Барселона, јас можам да го видам тоа. Меси и неговата креативност се важни за нас. Ова се забележува во нашата напаѓачка игра, истакна Куман.

Синоќа, Меси го сруши рекордот на Пеле за најмногу голови постигнати во еден клуб. Аргентинецот има 644 гола за Барселона, претходниот рекорд на Пеле беше 643 за Сантос.

Договорот на Меси со Барселона важи до крајот на сезоната 2020/21. Беше објавено дека 33-годишниот Аргентинец може да го напушти тимот во претстојниот зимски преоден рок, или на лето 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП