ПочетнаИНТЕРЕСНОГол првенец за Несторовски за триумф на Удинезе

Гол првенец за Несторовски за триумф на Удинезе

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го постигна победоносниот гол за Удинезе во триумфот вечерва на гостувањето кај Торино со 3:2 во рамки на 11. коло во италијанската Серија А.

Несторовски биеше прецизно во 69. минута, само седум минути откако влезе во игра од клупата за резерви, при резултат 2:2, на местото на Переирa.

За македонскиот репрезентативец ова беше премиерен гол во Серија А сезонава, во неговиот прв натпревар во дресот на Удинезе од 2 октомври, и вкупно само четврти.

По третата победа во низа, Удинзе сега има 13 бодови по десет одиграни натпревари во Серија А.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП