24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовак Ѓоковиќ купи вила во Марбеља вредна 10 милиони евра

Новак Ѓоковиќ купи вила во Марбеља вредна 10 милиони евра

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, купи вила во Марбеља во Шпанија, за која издвои неверојатни 10 милиони евра.

Во последно време, српскиот тенисер и светски рекет број еден поминува сè повеќе време во Марбеља, каде често се подготвува за турнири.

Тој досега ја изнајмувал оваа вила, а пред неколку месеци започнал процес на купување што навистина и се допаѓа на неговата сопруга Јелена.

Првите денови од пандемијата на коронавирусот во месец март, Ѓоковиќ ги поминаа во вилата, а првиот тенисер во светот објави видеа од тренинг со неговата сопруга и играње тенис во дворот.

Вилата се наоѓа на прекрасна локација опкружена со планини и со прекрасен поглед на море. Се состои од девет соби во главната куќа и две во куќата за гости, како и осум бањи, теретана и просторија за забава со билјард, пинг-понг и домашно кино.

Ѓоковиќ има и спа центар на новиот имот и огромен двор со базен и тениско игралиште. Најспектакуларна е терасата, која нуди неверојатен поглед на морето.

Кога ќе има потреба, Ѓоковиќ може да стигне во центарот на Марбеља за само пет минути.

Погледнете неколку слики од вилата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП