29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ ова е можно на Балканот!

И ова е можно на Балканот!

Во текот на изминатата недела под покровителство на Мастер кард, а во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се одржа една од најпосетените и најдобро организираните конференции за е-трговија во Македонија .

Покрај сите он лајн панели и дискусии како и еминентните излагачи, нешто што предизвика најголем интерес и остави силен впечаток како кај нас така и во регионот е доставата на над 300 пакети со материјали од конференцијата од страна на Еко логистик сервис. За време на кафе паузата која беше од 11:00 до 11:30 часот, Еко логистик сервис за помалку од 30 минути достави над 300 пакети на различни адреси во Скопје со 35 курири.

Компанијата со паметно и  домаќинско работење успеа да се развие со сопствени средства и во последната година бележи најголем раст во овој бизнис во регионот и тоа од над 700 проценти. ЕЛС користи напредно софтверско решение и софтвер од Словенска компанија, која нуди сериозна поддршка и современи решенија.

Еко Логистик Сервис е компанија со најголем процент успешно доставени пратки во е-трговијата и располага со најдобра мрежа која брои околу 30 хабови на територијата на цела Македонија. Исто така интересно е да се напомене дека ЕЛС е компанија која испорачува најбрзи пратки и тоа за помалку од 1 час во главнот град и пратка низ државата во иститот ден која е единствена ваква услуга на пазарот.

Токму поради треба да се истекне дека нај големите на спортски и модни брендови од светот и Македонија кои имаат он лајн продажба одлучија да соработуваат со ЕЛС.

Покрај Зара, Армани, Риплеј, Дизел, Макс Мара, Версаче, Викторија Сикрет, Пинко, Најк, Адидас, Пума и многу други познати брендови, како и голем број банки, осигурителни компании и компании за домашно уредување и други успешни компании.

Интересно е да се спомене дека станува збор за високо  општествено одговорна компанија која води грижа и за загадувањето и е еколошка компанија бидејќи половина од возилата со кои ја врши доставата се возила на еколошки погон, а исто така користи електро скутери и велосипеди, а работи и на проекти на чистење на јавни површини и зазеленување на простори. Само во изминатава година има остварено преку  30  акции, како и поддршка на социјално ранливи категории и здруженија.

Компанијата поседува најголем број лиценци за работа на домашен и надворешен пазар, а во развој и припрема се услуги за регионален и меѓународен пазар. Впрочем она што го кажува и нивното мото: ЕЛС Домашен бренд – светска услуга!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП