ПочетнаЗДРАВЈЕПрироден лек за имунитетот со кој брзо ќе ги победувате настинките

Природен лек за имунитетот со кој брзо ќе ги победувате настинките

Она што најмногу ја ослабува способноста на организмот да се избори со болестите е едноличната исхрана. Токму затоа најважно е редовно да консумираме овошје и зеленчук, особено она што е богато со витамин С и цинк, бидејќи цинкот го намалува траењето на настинката, а го има во јагнешкото и свинското месо, во семките и во оревите, во житариците и во морските плодови.

За зајакнување на имунитетот ви претставуваме домашен природен рецепт кој навистина ќе ви помогне.

Потребни ви се:

100гр суво грозје

150гр ореви

100гр бадеми

сок и кора од 2 органски лимони

100гр суви кајсии

100гр суви сливи

250-300гр мед

Сомелете го сувото грозје, оревите, бадемите и лимоновата кора, додадете го сокот од лимон, измешајте и ставете ги измелените суви сливи и кајсии. Измешајте и додадете мед. Ставете ја смесата во тегла и оставете ја да постои на темно место ден-два, па потоа преместете ја во фрижидер. За деца постари од 3 години се препорачува по една лажичка два пати дневно, а возрасните по една до две лажички три пати дневно.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП