25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Реал ги уништи надежите на Интер, Иличиќ и Аталанта се реваншираа...

ЛШ: Реал ги уништи надежите на Интер, Иличиќ и Аталанта се реваншираа на „Енфилд“

Двата италијански клубови во акција во вечерните мечеви од Лигата на шампионите имаа сосема различна среќа – Интер загуби дома од Реал Мадрид со 0:2 за да си ги направи шансите за пласман во осминафиналето во доменот на теоријата, додека Аталанта му се реваншираше на Ливерпул, победувајќи ги на „Енфилд“ со 2:0.

Големото дерби на „Џузепе Меаца“ не ги оправда очекувањата, но сигурно „кралевите“ ќе бидат задоволни и со ваква победа. Тие дојдоа рано во водство со гол од пенал на Еден Азар, а Артуро Видал доби бизарен црвен картон до крајот на полувремето да ги постави Интер во незгодна позиција. Родриго во второто полувреме го реши мечот.

Откако дома загубија со 0:5 од Ливерпул, се очекуваше Аталанта да ја снајде слична судбина и на гостувањето, но наместо тоа добивме „нокаут“ во четири минути. Јосип Иличиќ, кој по подолга пауза поради депресијата се врати на фудбалот, во 60-тата минута доби одлична топка од капитенот Алехандро Гомез за 1:0, за Робин Госенс четири минути подоцна да се најде сам во шестнасетникот на „црвените“ за 2:0.

Со ова, ситуацијата во групата Д се искомпликува – Ливерпул уште се први со 9 поени, но сега Аталанта и Ајакс имаат по 7, откако „копјаниците“ со 3:1 го победија Митјиланд.

Актуелниот шампион, Баерн Минхен, немаше мака и со 3:1 го совлада Салцбург со головите на Роберт Левандовски и Лирој Сане (и еден автогол), за совршени 4-од-4 по четири меча и пласман во осминафиналето. Атлетико Мадрид пропуштија шанса да се одвојат, откако одигра само 0:0 против Локомотив Москва.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4.КОЛО

ГРУПА А

Баерн Минхен – Ред бул Салцбург 3:1

Атлетико Мадрид – Локомотив Москва 0:0

Табела: 1.Баерн М12, 2.Атлетико М. 5, 3.Локомотив М. 3, 4.РБ Салцбург 1

ГРУПА Б

Интер – Реал Мадрид 0:2

Табела: 1.Борусија М. 8, 2.Реал М. 7, 3.Шахтјор 4, 4.Интер 2

ГРУПА Ц

Марсеј – Порто 0:2

Табела: 1.Манчестер с. 12, 2.Порто 9, 3.Олимпијакос 3, 4.Марсеј 0

ГРУПА Д

Ајакс – Митјиланд 3:1

Ливерпул – Аталанта 0:2

Табела: 1.Ливерпул 9, 2.Ајакс 7, 3.Аталанта 7, 4.Митјиланд 0

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП