20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏоковиќ влегува во нов бизнис со познат музичар

Џоковиќ влегува во нов бизнис со познат музичар

Новак Џоковиќ и славниот Џеј Зи, еден од најбогатите музичари, подготвуваат заеднички проект.

Како што ексклузивно известува американскиот ТМЗ, најдобриот тенисер во светот и Џеј Зи сакаат заедно да го зголемат своето богатство. Тие планираат да инвестираат во фитнес технологија, односно во програмата CLMBR.

Се работи за спраа која симулира вертикално искачување, а Новак и Џеј Зи го препознаа потенцијалот за да ги прошират своите бизнис империи.

Така, Џоковиќ одлучи да го прошири своето портфолио за инвестиции, бидејќи од порано е познато дека сака да инвестира во недвижнини.

Новак има неколку скапи станови на ексклузивни локации во Њујорк, Мајами, Монте Карло и Порто Монтенегро, а сега реши да влезе во нов голем бизнис.

Џоковиќ, чија вредност во светските медиуми се проценува на околу 220.000.000 евра, инвестираше со Џеј Зи, кој е „тежок“ околу милијарда долари, во нова фитнес-технологија.

Оваа справа симулира вертикално искачување и се вели дека има голем потенцијал во решавањето на проблемите кои луѓето ги имаат со грбот. Се чини дека српскиот тенисер и американскиот рапер видоа можност за напредок во програмата CLMBR.

Фитнес-индустријата доживеа вистински бум за време на пандемијата на коронавирусот кога станува збор за продажба на опрема, бидејќи луѓето повеќе не се во можност толку лесно да одат во спортски сали и да тренираат таму, а CLMBR очигледно напредува сè повеќе.

Покрај Џоковиќ и Џеј Зи, во CLMBR инвестираа и богатите, како што е еден од основачите на Youtube, Чад Харли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП