23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо ја прослави јубилејната, 100-та победа со репрезентацијата на Португалија

Роналдо ја прослави јубилејната, 100-та победа со репрезентацијата на Португалија

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, синоќа ја забележа 100. победа со португалскиот национален тим. Португалија во пријателски натпревар ја совлада Андора со 7:0.

  • Среќен сум што достигнав уште една историска пресвртница во националниот тим! – напиша Роналдо на Твитер.

Тој мечот го заврши со еден гол и една асистенција.

Светски рекордер по победи со репрезентацијата е Серхио Рамос, кој триумфирал на 129 натпревари со Шпанија. Во топ 3 има уште двајца Шпанци – Икер Касиљас (121 победа) и Чави (100).

Вкупно, Роналдо одигра 168 натпревари за Португалија. До европскиот рекорд, напаѓачот на Јувентус има 8 натпревари (176 натпревари, Џанлуиџи Буфон, Италија / Серхио Рамос, Шпанија), додека од светскиот рекорд го делат уште 16 средби (184 натпревари, Ахмед Хасан, Египет).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП