25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонските ракометари доминантно против Финска ги отворија квалификациите за ЕП 2022

Македонските ракометари доминантно против Финска ги отворија квалификациите за ЕП 2022

Македонската ракометна репрезентација забележа победа над Финска со 33:24 во 1. коло од Групата – 7 во квалификациите за Европското првенство 2022.

На дуелот одигран вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, рамноправно се играше само 15-ина минути, а потоа избраниците на селекторот Данило Брестовац при резултат 5:5, направија серија од 5:0 и водството го одржуваа до крајот на полувремето кое заврши 16:10.

На Финците во вторите 30 минути не им беше дадена шанса за надеж дека можат да го избегнат поразот. Македонците во два наврата имаа највисоки плус 10 (24:14 и 33:23).

Најдобар играч на натпреварот беше Кирил Лазаров со 11 погодоци.

Во второто коло, македонскиот национален тим ќе гостува на Швајцарија на 7 ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП