25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарадона е во лоша состојба, ќе оди на операција на мозокот!

Марадона е во лоша состојба, ќе оди на операција на мозокот!

Аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона ќе мора да оди на операција на мозокот за отстранување на хематом во следните неколку часови, вели неговиот личен доктор, Леополдо Луке, кој исто така посочи дека 60-годишниот „Ел пибе“ не е „добар психолошки“.

Субдурална хематома е сериозна состојба која доаѓа по формирање на тромб меѓу черепот и површината на мозокот, обично предизвикана од повреда на главата.

Марадона беше примен во клиниката „Ипенса“ во Ла Плата во понеделникот со анемија и дехидрација, а докторот Луке вели дека се работи за „рутинска операција“.

„Ќе оперираме денеска. Тој е свесен и луциден и разбира што се случува и се согласи со операцијата. Ќе биде пренесен во клиниката ‘Оливос’ во Буенос Аирес. Марадона не беше добро психолошки во последните неколку дена. Тој беше тажен цела недела и одбиваше да јаде“, вели Луке.

Марадона во моментов работи како тренер на аргентинскиот клуб Гимназија Ла Плата, и беше присутен на мечот со Патронато на неговиот роденден, добивајќи торта и плакета, но си замина пред крајот на првото полувреме.

„Диего е личност која понекогаш е фантастична, а понекогаш не. Може да биде 10.000 пати подобар, и ќе му помогнеме. Не е лесно да си Марадона“, објаснува Луке.

Поранешниот фудбалер на Бока јуниорс, Барселона и Наполи и во минатото имаше проблеми со здравјето – во 2019 година беше примен во болница со внатрешно крварење.

Хоспитализиран Диего Марадона

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП