16 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина актерот Шон Конери

Почина актерот Шон Конери

На 90-годишна возраст почина актерот Шон Конери, објави Би-би-си.

Шкотскиот актер беше најпознат по улогата на Џејмс Бонд, и токму тој, според многумина, најдобро го отелотвори најпознатиот филмски шпион.

Но, покрај Бонд, тој има направено и голем број филмски класици како „Лов на црвениот октомври“, „Индијана Џонс“, „Последната крстоносна војна“ и многу други.

Во својата долга кариера има освоено еден Оскар, две Бафта награди и три Златни глобуси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП