ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Sony“ бележи голема побарувачка за конзолата „PlayStation 5“

„Sony“ бележи голема побарувачка за конзолата „PlayStation 5“

Како што се приближуваме до почетокот на испораката на следната генерација на конзолата, јасно е дека гејмерите се наоѓаат во врвот на исчекувањета и возбудата. Дури и пред почетокот на физичката продажба во продавниците, побарувачката за конзолата „PlayStation 5“ е исклучително голема.

Според извештаите, само во текот на првите 12 часа од претпродажбата, моделот „PlayStation 5“ продал повеќе примероци отколку „PlayStation 4“ што ги забележа во текот на првите 12 недели.

Глобалната пандемија е секако една од причините за толку голема побарувачка за новата конзола на „Sony“, но на уредот сигурно не недостасуваат технички подобрувања, како и ексклузивни игри што ќе бидат понудени со „PS5“.

Џим Рајан, извршниот директор на „Sony Interactive Entertainment“, истакнува дека постои голема веројатност дека сите оние кои сакаат да купат „PlayStation 5“ на денот на објавувањето, да не можат тој ден да најдат конзола на продажба.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП