3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДебитираше „plug-in“ хибридот „Audi A3“ со 204 „коња“ (ФОТО)

Дебитираше „plug-in“ хибридот „Audi A3“ со 204 „коња“ (ФОТО)

„Audi“ ја прошири понудата на „A3 Sportback“ нова електрифицирана верзија.

Овој „Audi A3“ со ознака „40 TFSI“ e „PHEV“ користи 4-цилиндричен 1,4-литарски турбо-бензинец кој испорачува 150 коњски сили.

Бензинскиот агрегат е поврзан со електромотор од 109 KS (80 kW), a вкупната комбинирана моќ на хибридниот систем изнесува 204 KS (150 kW), додека максималниот вртежен момент е 350 Nm.

Mоторот е поврзан со 6-брзински „S tronic“ автоматски менувач, а моќта се пренесува на предната осовина.

Поради погонската батерија, волуменот на багажникот е намален за 100 литри, па сопственикот на располагање во багажникот има 280 литри.

Кога станува збор за перформанстите, „plug-in“ хибридниот „A3“ од место до „стотка“ забрзува за 7,6 секунди, додека максималната брзина е 227 km/h.

Тоа што е важно за „PHEV“ моделите е нивната автономија за возење само на електрична енергија.

Па доколку се движи само со помош на електромоторот, овој „А3“ е во можност да мине и до 66 km, тврдат од „Audi“.

Полненењето на батериите со домашен штекер и трае повеќе од 4 часа, велат од германскиот производител.

„Audi A3 40 TFSI e PHEV“ во продажните салони пристигнува до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП