18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнгеловски го објави списокот, без Елмас против Косово

Ангеловски го објави списокот, без Елмас против Косово

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот за натпреварот против Косово на 8. октомври од полуфиналето во Лига на нации за пласман на Европското првенство и двата натпревари против Естонија (11. октомври, Талин) и Грузија (14. октомври, Скопје) од новото издание на Лига на нации.

Елиф Елмас од Наполи нема да биде во составот на македонската репрезентација поради позитивен тест на Ковид-19.

Во националниот тим се враќа Ферхан Хасани од фински Хелсинки. Вкупно 23. фудбалери се наоѓаат на списокот на селекторот Ангеловски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП